• A-
  • A
  • A+
понеделник, 20 февруари 2017, 

Во Албанија стапи во сила фискалниот пакет за 2017 година

Во Албанија стапи во сила фискалниот пакет за 2017 година

Тирана, 1 јануари 2017(МИА) – Стапија во сила измените и дополнувањата на фискалниот пакет за 2017 година, што албанскиот парламент ги изгласа на почетокот на минатиот месец.

Од спроведувањето на овие закони, државниот буџет се очекува да инкасира над 6 милиони евра преку зголемувањето на аксизата 8 леки за литар од возилата за траспорт,проширувањето на основата за оданочување на луксузни автомобили,како и двојно повисоката акциза за цигари и луксуз.

Исто така, стапува во сила намалувањето на износот на рента за неколку видови руда, како и новиот закон за данок на добивка.

 Годинава е четврта година по ред во која фискалната политика во Албанија бележи зголемување на даноците,иако растот е поблаг споредено со претходните две години.

 Новата фискална политика на Владата на премиерот Еди Рама, нема да донесе фундаментални промени во бизнис климата и дава позитивни сигнали за повлекување на репресивни алатки за приватната економија.

 Сепак, Албанија продолжува да биде земја со најниски перформанси на Балканот во наплатата на даноците во однос на БДП.

 Инаку, буџетот на Аланија за 2017 година, тежи 3,4 милијарди евра.

 За фискалните мерки гласаа само партиите на власт, а опозицијата не гласаше бидејќи смета дека буџетот уште повеќе ќе ги осиромаши Албанците и наведе дека во извештајот на Светската банка за 2015 година, стои оти нивото на сиромаштија во Албанија е 47,5 проценти. вт/см/

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ