• A-
  • A
  • A+

четврток, 21 септември 2017, 

Годинава од гостиварско на аџилак ќе тргнат 217 лица

Годинава од гостиварско на аџилак ќе тргнат 217 лица

Гостивар, 17 август 2017 (МИА) - Гостиварската муфтинија ги привршува подготовките за овогодинешното заминување на аџилак. Во организација на Исламската верска заедница (ИВЗ) од Гостивар и околината на ходочастието ќе одат 217 лица. 

Идните аџии, деновиве привршуваат со обврските меѓу кои е и задолжителното вакцинирање.

- Освен вакцините и превентивата против заразни болести кои ги има во земјите во кои ќе престојуваат, лицата ќе добијат и напатствија и препораки како да си го сочуваат здравјето. Аџиите ги информираме и на обврската по враќањето да се јават на задолжителните контроли. Здравствениот надзор го вршиме на колера кој трае 5 дена, како и мерс корона вирусот, две недели, вели прим. д-р Воислав Огњаноски, раководител на епидемиолошкото одделение на Центарот за јавно здравје Гостивар.

Тргнувањето е закажано за 26 август, а идните аџии во наредните дваесетина денови ќе посетат повеќе свети места за муслиманите, како Мека и Медина. На патот, тие ќе бидат придружувани од лекари и теолози. Втора година по ред, на аџилак од Македонија се оди единствено преку ИВЗ, која ги обезбедува сите документи за виза, престој и авионски билети, информираат од гостиварската муфтинија. згм/дма/12:05

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Морган Фримен „открива“ кој е Владимир Путин (видео)

Комитетот за истрага што го води случајот за новод...

Истражување: На чантите има повеќе бактерии отколку во тоалетната школка

Според најново истражување на Институтот „Гуд Хаус...

Личните предмети на Одри Хепберн првпат на аукција

Аукциската куќа во Лондон, Кристис, за првпат орга...

По 75 години брак, сопружници починале на ист ден

Британка и Канаѓанец, кои се венчале за време на В...

Се продава магазинот „Ролинг Стоун“

Во интервју за „Њујорк Тајмс“, Венер изјави дека т...