• A-
  • A
  • A+
сабота, 18 ноември 2017, 

Иселеничка средба во виничко Драгобраште

Иселеничка средба во виничко Драгобраште

Виница, 16 август 2017 (МИА) - Во кругот на манастирот „Св. Спас“ кај виничкото село Драгобраште се одржа првата иселеничка средба организирана од страна на македонското здружение „Камен мост“, односно „Понте Ди Петра“ од гратчето Канели во Италија, каде што најмногу има Македонци на привремена работа од виничкиот крај.

- Средбата ја организираме со единствена цел да се запознаеме меѓу себе, но и да размениме искуства, како и да ја продлабочиме соработката со општина Виница од каде што и потекнуваме и имаме свои родни огништа, изјави Ванчо Ефтимов, иницијатор на средбата.

Во областа Пиемонте во Италија, истакна Ефтимов, остваруваме бројни активности, при што таа соработка сакаме да ја продлабочиме и со општина Виница. Во тој крај престојуваат над 10 илјади Македонци кои работат во областа на земјоделството и градежништвото.

Општина Виница даде подршка на ваквата средба на иселениците од овој крај. Градоначалникот Емил Дончев истакна дека ќе направат се средбата да стане традиционална и на неа да присуствуваат голем број иселеници од виничкиот крај. кг/рп/13:14

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ