• A-
  • A
  • A+

четврток, 21 септември 2017, 

Димовски: Решението од МТСП докажува дека е статутарна постапката за смена на Митревски

Димовски: Решението од МТСП докажува дека е статутарна постапката за смена на Митревски

Скопје, 11 август 2017 (МИА) -  Преку соопштение на кое е потпишан како в.д претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) Дарко Димовски оценува дека на 4. месецов  Министерството за труд и социјална политика (МТСП) донело Решение со кое се огласува за ништовно незаконското Решение на министерот Ибраим Ибраими и со кое, како што потенцира, „се стави крај на повеќегодишото уништување на ССМ и продавање на интересите на работниците“.

- Донесеното Решение од МТСП, докажува дека постапката во која е сменет Живко Митревски е статутарна и законска и конечно и ние синдикатите коишто долго време го креваме гласот против кршењето на работничките права и злоупотребата на работниците почувствуваме дека правото и правдата се враќаат во Република Македонија, стои во соопштението од Димовски.

Меѓу останатото, Димовски додава, дека Митревски дошол на позицијата претседател на ССМ со заклучок, а не со решение, како и дека на Конгресот на кој тој постојано се повикувал бил избран без потребниот кворум за работа и со бојкот од повеќе синдикати.лв/бк/17:28

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Морган Фримен „открива“ кој е Владимир Путин (видео)

Комитетот за истрага што го води случајот за новод...

Истражување: На чантите има повеќе бактерии отколку во тоалетната школка

Според најново истражување на Институтот „Гуд Хаус...

Личните предмети на Одри Хепберн првпат на аукција

Аукциската куќа во Лондон, Кристис, за првпат орга...

По 75 години брак, сопружници починале на ист ден

Британка и Канаѓанец, кои се венчале за време на В...

Се продава магазинот „Ролинг Стоун“

Во интервју за „Њујорк Тајмс“, Венер изјави дека т...