• A-
  • A
  • A+
вторник, 17 јануари 2017, 

Струшкиот Црвен крст им помага на семејствата од социјален ризик

Струшкиот Црвен крст им помага на семејствата од социјален ризик

Струга, 11 јануари 2017 (МИА) – Општинската организација на Црвениот крст од Струга деновиве активно работи на достава на храна, средства за хигиена и ќебиња на семејства во лоша социјална состојба, од планинските села и стари лица, со цел да им помогнат на екстремно ниските температури.

Секретарот на струшкиот Црвен крст Адуриме Даути информира дека семејствата со социјални проблеми ги нашле со помош на Центарот за социјална работа - Струга.

- Волонтерите на Црвениот крст изминативе денови посетија неколку семејства од повисоките планински места, стари лица, како и повеќедетни семејства во лоша социјална состојба на кои им однесовме храна, хигиенски средства и ќебиња со надеж дека ќе им помогнеме во овие студени денови, изјави Даути.

Струга Црвен крст помоѓ

Волонтерите на струшкиот Црвен крст посетиле семејства во селата Луково, Дренок, Брчево, Нерези, Безево, Франгово, Јабланица, Делогожда и Ново Село. сс/вј/15:22

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.