• A-
  • A
  • A+
четврток, 19 јануари 2017, 

Прихрана на животните во Национален парк „Пелистер“

Прихрана на животните во Национален парк „Пелистер“

Битола, 11 јануари 2017 (МИА) - Тимови на ЈУ Национален парк „Пелистер“-Битола вршат прихранување на животните во Националниот парк „Пелистер“.

Од ЈУ Национален парк „Пелистер“-Битола информираат дека во рамките на заштитата на животинскиот свет во Националниот парк „Пелистер“, секоја зима се организира прихранување на животните.

- Акцијата за прихранување на животните се врши на определени места за кои се смета дека се посетени од некои видови на животни и притоа се поставуваат извесни количини на храна или минерали и сол, што им помага на животните во услови на остра зима полесно да ја преживеат, истакна Пеце Цветановски, портпарол на ЈУ Национален парк „Пелистер“-Битола.

Прихраната на животните во Националниот парк се врши на четири локалитети, односно во атарот на Нижо Поле, под Пелистер, Вртешка и Брајчино, каде се поставени и распределени околу 90 килограми крупна сол, повеќе пакети со минерали, околу 80 килограми пченица, 50 килограми пченка и околу 15 бали со сено.

- Пченицата служи за да преживеат птиците, копитарите го користат сеното, минералите и солта, а за прихрана на дивите свињи се користи пченката. Доколку оваа зима се покаже како остра и сурова, веднаш штом се создадат услови на теренот, бидејќи на некои места снежната покривка е поголема од 50 сантиметри, ќе се изврши и дополнително прихранување, за што ние како јавна установа редовно издвојуваме средства за набавка на потребните материјали, потврди Цветановски. мт/вј/12:12

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Бети Вајт 95, роденден го прослави на снимање

Актерката Бети Вајт својот 95. роденден го прослав...

Премиера на Враќањето на Ксандер Кејџ, ФХ3Х дел од ефектите

Македонската компанија за анимација и визуелни ефе...

Автомобил паркиран на тераса

На руските социјални мрежи се појави фотографија к...

Новак Ѓоковиќ купил два апартмана на Менхетн

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој моментно се на...

Какво возило има Хомер Симпсон

Симпсонови се едно от најпознатите семејства во СА...