• A-
  • A
  • A+
вторник, 17 јануари 2017, 

Нови тоалети во ООУ „Гоце Делчев“ во Василево

Нови тоалети во ООУ „Гоце Делчев“ во Василево

Василево, 10 јануари 2017 (МИА) - Општина Василево во соработка со Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ги реконструира тоалетите во ООУ „Гоце Делчев“. Реконструкцијата опфаќа целосна електрична и водоводна инсталација, поставување врати, нов покрив, санитарии, молерофарбарски и плочкарски услуги. Буџетот за проектот изнесува 1.100.000 денари.

- Она што е особено важно е дека со оваа реконструкција влезот во тоалетите  што досега беше од надворешната страна со  т.н.  топол влез е поврзан со внатрешниот дел од училишната зграда. Еден голем проблем кој досега го имаа учениците сега е надминат, изјави Ванчо Стојанов, градоначалник на општина Василево, кој присуствуваше на увидот во училиштето.

Тоалети во школо во василево 2

Општина Василево има повеќегодишна соработка со МЦМС, од која се произлезени неколку проекти - оградување на дворот на училиштето во Нова Маала, реконструкција на училиштето во село Ангелци и на училиштето во село Радичево - во кое е поставен и систем за парно греење. кд/хс/15:54

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.