• A-
  • A
  • A+
сабота, 25 февруари 2017, 

Штипското училиште „Ванчо Прке“ годинава ќе го реконструира подот во спортската сала

Штипското училиште „Ванчо Прке“ годинава ќе го реконструира подот во спортската сала

Штип 4 јануари 2017 (МИА) - Завршија градежните работи за реконструкција на покривот на спортската сала во Општинското Основно училиште (ООУ) „Ванчо Прке“-Штип, информираше на денешната прес-конференција директорката Весна Ничева. Таа додава дека овој градежен зафат чини 1.050.000 денари, средства обезбедени од страна на Општина Штип. Ничева најави дека годинава се надева дека повторно со помош на градоначалникот, а од буџетот на Општина Штип ќе биде и реконструиран подот во спортската сала.

- Учениците во ООУ „Ванчо Прке“ второ полугодие ќе го почнат со реконструиран покрив. Претхотно имавме и замена на прозорците во салата, со што добивме современи услови за изведување наставата за околу 1.000 ученици. Исто така со реконструкциите во салата имаме и заштеда за греењето, со што помалку се плаќа за нафта, вели Ничева.

Таа истакна дека минатата година спортски терени добија и учениците во подрачните училишта во селата Селце и Лакавица, каде што учениците веќе ја изведуваат наставата по физичко обарзование. вдј/дма/14:45

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.