• A-
  • A
  • A+
вторник, 21 ноември 2017, 

Завршува првото полугодие, учениците на зимски распуст

Завршува првото полугодие, учениците на зимски распуст

Скопје, 30 декември 2016 (МИА) - За околу 270.000 ученици, од кои 188.000 основци и 80.000 средношколци, денеска е последниот училишен ден од првото полугодие на 2016/2017 година. Зимскиот распуст ќе трае до 18 јануари 2017 кога ќе продолжи наставата. 

Во учебната година треба да има 180 работни денови, а со оглед на тоа дека во оваа повеќе празници се во работни денови, зимскиот распуст е пократок за еден ден, појаснуваат во Министерството за образование и наука. хс/са/08:31

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.