• A-
  • A
  • A+

среда, 16 август 2017, 

Штипската библиотека одбележува 70 години од постоењето

Штипската библиотека одбележува 70 години од постоењето

Штип, 29 декември 2016 (МИА) - Националната установа Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ - Штип денеска додели признанија на основните и средни училишта во Штип и Карбинци во рамките на манифестацијата „Од читалиште до библиотека“, која е дел од прославата 70 години од постоењето на библиотеката. 

Директорката на НУУБ „Гоце Делчев“, Милена Ристова-Михајловска истакна дека со оваа манифестација сакаат да им одадат признание на учениците и наставниците кои учествуваат во сите проектни активности на библиотеката.

- Во текот на 2016 година реализиравме голем број проекти поддржани од Министерството за култура, а покрај тоа уште стотина афирмативни активности со цел доближување на книгата на сите групи на читатели, вели Ристова-Михајловска.

Советникот за оштествени дејности во Општина Штип, Кирил Панајотов рече дека 70 години од постоењето на библиотеката е јубилеј достоен за почит.

- Во оваа прилика се потсетуваме и на почетоците на библиотекарството во Штип, зборуваме за првото читалиште, кое во 1862 година Штип го добива во рамките на своето неделно училиште, а потоа прераснувајќи и создавајќи услови за присуството на книгата во нашиот град, вели Панајотов.

Директорката на НУУБ „Гоце Делчев“ посебно признание за придонесот во развојот на библиотечната дејност му додели на Трајче Пиков, кој е еден од првите директори на библиотека. На негова иницијатива е изграден сегашниот објект, каде што е сместена библиотеката. вдј/вг/15:53

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ