• A-
  • A
  • A+
среда, 18 октомври 2017, 

Мерки за безбеден сообраќај во Крива Паланка

Мерки за безбеден сообраќај во Крива Паланка

Крива Паланка, 11 јануари 2017 (МИА) - Советот на општина Крива Паланка усвои основен сообраќаен проект за проектирање физички мерки за регулирање на сообраќајот во зоните на училишните и предучилишни објекти во опшината.

Границата на опфатот на проектот за физички мерки за смирување на сообраќајот е во реонот на основните училишта „Јоаким Крчовски“, пред централниот објект и објектот „Партизан“ на главната улица „Св. Јоаким Осоговски“, зоната на ООУ „Илинден“, објект на улица „Илинденска“ и подрачно училиште во село Конопница, како и пред објектите на јавна установа детска градинка „Детелинка“ на главната сообраќајница во градот и средно општинско училиште „Ѓорче Петров“ на улица „8 Октомври“.

Составен дел на одлуката е и согласноста издадена од Министерството за внатрешни работи – СВР Куманово на 29 април 2015 година. Реализацијата на основниот проект се извршува по обезбедување финансиски средства од страна на локалната самоуправа на општина Крива Паланка. ид/аа/15:25

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.