• A-
  • A
  • A+

недела, 23 јули 2017, 

Објавени дел од барањата на ЕУ во преговорите за Брегзит

Објавени дел од барањата на ЕУ во преговорите за Брегзит

Брисел, 21 април 2017 (МИА) - Велика Британија во годините по Брегзит да продолжи да ги плаќа обврските кон Европска Унија, да остане под јурисдикција на судовите на ЕУ и да им дозволи на членовите на семејствата на европските мигранти да се населуваат во Обединетото Кралство, се наведува во документот на главниот преговарач на Унијата. Мишел Барние, кој ќе ги почне преговорите за условите за Брегзит по предвремените избори на 8 јуни.

Според дипломатски извори, клучните елементи од документот на Барние покажуваат дека Брисел ќе ги брани правата на трите милиони Европејци, кои живеат во Велика Британија, дека нема да му се простат финансиските долгови на Лондон и дека ќе инсистира се остане под јурисдикција на Судот во Луксембург.

Во документот не се наведува колку должи Велика Британија, иако министрите од Владата на Тереза Меј претходно ја оспорија сумата од 60 милијарди евра која ја споменаа некои претставници на ЕУ. ми/сп/11:51

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Почина актерот Џон Херд

Американскиот актер Џон Херд, познат по улогата на...

Принцот Џорџ го слави четвртиот роденден

Британскиот принц Џорџ денеска го слави четвртиот ...

Шише „Пенфолд гранж“ на аукција во Австралија продадено за над 35.000 евра

Шише исклучително ретко вино на познатата австрали...

Почина српскиот пејач Предраг Гојковиќ - Цуне

Доајенот на српската староградска и народна музика...