• A-
  • A
  • A+

четврток, 29 јуни 2017, 

Русија демантира дека ќе изгради база во северозападна Сирија

Русија демантира дека ќе изгради база во северозападна Сирија

Москва, 20 март 2017 (МИА) - Русија не планира да има нови воени бази во Сирија, соопшти руското Министерство за одбрана.

Демантот уследи откако курдските милиции Сили за заштита на народот објавија дека се договориле со Москва за нова воена база во курдскиот реон во северозападна Сирија.

- Нема планови за нови руски воени бази на територијата на Сирија, се посочува во соопштението на Министерството за одбрана

Претходно, портпарол на Сили за заштита на народот Редур Кселил изјави дека вчера е постигнат договор со Русија за изградба на база во северозападна Сирија, а руски војници и оклопни возила веќе пристигнале во Џандарис, округот Африн. Според него, договорот денеска стапува во сила.

Кселил не наведе колку руски војници пристигнале во Џандарис, каде е предвидено да се изгради база.

Џандарис претходно беше мета на прекугранични напади од турската армија. 

Со договорот најверојатно нема да се согласи Турција, за која Сили за заштита на народот се огранок на Курдската работничка партија,

Силита за заштита на народот се сојузник на САД во борбата против Исламска држава во Сирија. ми/20:35

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ