• A-
  • A
  • A+

петок, 23 јуни 2017, 

Германија го учи Трамп што значи безбедност

Германија го учи Трамп што значи безбедност

Берлин, 20 март 2017 (МИА) - Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел не се согласува со плановите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој бара зголемување на воените трошоци во земјите членки на НАТО и партнери на САД.

Според шефот на германската дипломатија Габриел, кој од завчера е на челното место на германските социјалдемократи е заменет од Мартин Шулц, за поголема безбедност не е доволна само моќна воена сила.

„Сеопфатна безбедносна политика не се состои само од купување тенкови, налудничаво зголемување на трошоците за потребите на одбраната или вжештување на трката во вооружувањето. Разумна безбедносна политика значи превенција, стабилизација на слабите држави, економски развој и битка против гладот, климатските промени и пристап до вода за пиење“, изјавил Габриел за понеделничкото издание на весникот „Рајн Некар Цајтунг“, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Пораките на Габриел до Трамп се случуваат по средбата на американскиот претседател канцеларката Меркел во Вашингтон.
Во неколку наврати предходно Габриел остро го критикуваше Трамп нарекувајќи го „зачетник на новото авторитарно и шовинистичко движење“ и „закана за меѓународниот поредок“. гм/ссм/17:49

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Како да прочитате порака на Месинџер, а испраќачот да не дознае

Пораките на Месинџер може да се прочитаат, а лицет...

Венчаница од 700.000 евра

Викторија Сваровски е наследничка на царството „Св...

Анџелина Џоли со зголемена телесна тежина (видео)

Анџелина Џоли позитивно изненади со својот изглед ...

Почина српскиот актер Богољуб Митиќ - Ѓоша

Познатиот српски актер и комичар Богољуб Митиќ - Ѓ...

Не му дозволиле да носи куси панталони на работа, па облекол фустан (фото)

Британецот Џои Барџ добил наредба од својот шеф да...