• A-
  • A
  • A+

понеделник, 25 септември 2017, 

Кога еден претседател ќе оцрни друг

Кога еден претседател ќе оцрни друг

10 март 2017

Њујорк тајмс - Њујорк

Да започнеме со тоа што целата јавност со сигурност го знае. Претседателот Трамп немаше докази кога го оцрни својот претходник, претседателот Барак Обама, со тоа што го обвини дека наредил да бидат прислишувани телефоните во „Трамп тауер“ за време на предизборната кампања во 2016 година.

Со други зборови, Белата куќа нема намера да објаснува дали е вистина тоа што тој го кажува.

Едноставно помислете на таа дрскост - јавно занемарување на вистината и неприкосновениот авторитет на американското претседателство - кое тука ни се разоткрива: еден претседател без основа обвинува за криминал друг претседател преку детско играње на Твитер.

„Њујорк тајмс“ веќе објави дека директорот на ФБИ, Џејмс Коми, толку се разгневил од тврдењето на Трамп (со кое првенствено го обвинува ФБИ за кршење на законот за прислушување на граѓани на САД по наредба на претседателот), што јавно го замоли Министерството за правда да го прогласи обвинувањето за невистина. Со други зборови, директорот на ФБИ побара Министерството за правда официјално да прогласи дека претседателот го доведува општеството во заблуда.

Тоа е опасен момент кој бара од Конгресот и од членовите на Администрацијата да излезат надвор од своите партиски маневрирања и да се погрижат за здравјето на самата демократија.

Во четири поста на Твитер, од кои во едниот „жали“ за рејтингот на Арнолд Шварценегер сега веќе пранешниот главен лик во телевизиското шоу „Припавник“, Трамп како факт објави една теорија, под која најверојатно потпаднал од екстремно десните веб сајтови: „Колку ниско треба да падне претседателот Барак Обама за да ги прислушува моите телефони за време на толку светиот изборен процес. Тоа е Никсон/Вотергејт. Лош (или болен) човек“.

Објама објави соопштение во кое вели дека ниту тој, „ниту кој и да било службеник во Белата куќа кога било наредил следење на некој граѓанин на САД“. Џејмс Клапер, поранешниот директор на националното разузнавање негираше дека владата ја прислушувала „Трамп тауер“ пред изборите и рече дека дека не му е познато дека било изведено нешто такво пред Обама да ја напушти позицијата претседател.

Причината за избувнувањето на Трамп е, се разбира, следењето на ФБИ на контактите меѓу неговото блиско опкружување и руското разузнавање. Би било исклучително невообичаено претседателот да е посветен на детали од истрагата против неговите блиски соработници, а уште помалку против него самиот.

Ако следењето е првенствено акт на контрашпионажа, тој можеби бил запознат со тоа. Малку се знае за тоа следење. Самиот факт што новата администрација е под истрага за потенцијален заговор со Москва е неистражена територија.

Сега Трамп се обидува да ги поткрепи своите тврдења со конгресна истрага на администрацијата на Обама. Неговиот прес-секретар Шон Спајсер побара комисиите за разузнавање во Конгресот, со кои раководат републиканци блиски кон Трамп, „да истражат дали во 2016 година било злоупотребени полномоштвата за следење на комуникациите од страна на извршната власт“.

Членот на Претставничкиот дом, Девин Нунес, претседател на постојаната комисија по разузнавање и член на тимот на Трамп во трансферот на власта, веднаш даде сигнал дека има намера да одговори на барањето на претседателот.

Лидерите во Конгресот треба подиректно да дејствуваат, наместо да се обидуваат да ја закопаат јавната доверба во власта. Со своето тврдење за можни криминални активности од страна на највисоката позиција во државата, Трамп самиот „се втера“ во ќорсокак.

Неговото обвинение - толку сензационално колку што е и бомбастично, ако тој има некакви основи и толку дрско ако нема - што Конгресот нема друг избор освен да свика двопартитна комисија која ќе ги испита сите прашања поврзани со руското мешање во изборите.

И ако Трамп е убеден во своето тврдење, тој не би требало да се спротивставува на назначувањето на независен совет кој ќе дојде до дното на руската афера.

А што се однесува до самите високи чиновници од Администрацијата, за нив дојде време да започнат да се прашуваат дали можат да продолжат да ги заложуваат своите имиња и репутацијата пред еден претседател кој толку малку ги почитува демократските институции и вистината. ат/сп/12:29

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.