• A-
  • A
  • A+
понеделник, 20 ноември 2017, 

Мнозинството Американци поддржуваат именување специјален обвинител за „руските врски“ на Трамп

Мнозинството Американци поддржуваат именување специјален обвинител за „руските врски“ на Трамп

Вашингтон, 6 март 2016 (МИА) - Околу две третини од Американците ја поддржуваат идејата за именување на специјален обвинител за испитување на контактите на луѓето од изборниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп со Русија и со нејзини функционери, покажува најновото истражување на Си-Ен-Ен.

Дополнителни 55 отсто американски гласачи се изјасниле дека се загрижени од сознанијата за врските што „луѓето на Трамп“ во текот на кампањата ги имале со претставници на руското разузнавање.

Ова истражување покажа дека само 32 отсто од анкетираните сметаат дека истрагата треба да му се остави на Конгресот на САД.

Ваквото расположение во јавноста околу ова клучно прашање во првите пет недели од мандатот на новиот претседател, не го промени рејтингот на Трамп.

Само 45 отсто од Американците ја подржува политиката на новиот претседател, при што 71 отсто од гласачите на демократите изјавиле дека се „многу загрижени“ за состојбите во земјата, додека 54 отсто од републиканските гласачи и натаму веруваат дека Трамп „добро работи“.

Истражувањето на Си-Ен-Ен открива дека 43 отсто од републиканците се согласуваат со именувањто на специјален обвинител за „руските врски“ во изборите од минатата година.

Руското мешање во изборниот процес и натаму ги поларизира гласачите од двете главни партии - 52 отсто од американските демократи се уверени дека Русија се мешала, додека 27 отсто од републиканците сметаат оти руското однесување во текот на изборите „не било коректно“.

И едните и другите, сепак, на Русија гледаат како на закана, многу повеќе од минатото лето, кога прв пат беше обелоденето руското хакирање на штабот на демократите.

Истражувањето, што Си-Ен-Ен го прави традиционано во првите 100 дена на новиот претседател, овој пат се поклопува се со поголемиот притисок до крај да се расчисти „руската врска“ во изборниот штаб на Трамп.

Во текот на изминатиот викенд дури и некои републикански сенатори ја оквалификуваат ситуацијата како „Рашагејт“, поврзувајќи ја со „Вотергејт“ од пред 40-тина година и времето на претседателот Ричард Никсон, која доведе до негова оставка. ти/сп/13:42

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.