• A-
  • A
  • A+
среда, 13 декември 2017, 

Директорот на ФБИ негира дека Трамп бил прислушуван

Директорот на ФБИ негира дека Трамп бил прислушуван

Вашингтон, 6 март 2017 (МИА) - Директорот на американското Федерално истражно биро (ФБИ), Џејмс Коми ги отфрлил како неточни обвинувањата на претседателот на САД, Доналд Трамп дека неговиот претходник Барак Обама наредил да се прислушува неговиот телефон, пред да биде избран за претседател, објави „Њујорк Тајмс“.

Весникот открива дека Коми побрал од Министерството за правда преку официјално соопштение да ги отфрли обвинувањата на Трамп, но засега нема никаква реакција на неговото барање.

Според телвизијата Ен-Би-Си, Коми побарал реакција од Министерството за правда нагласувајќи дека обвинувањата на актуелниот претседател се неточни и без основа, како и дека тие претставуваат инсинуација за тоа оти ФБИ го прекршила законот.

Медиумите јавуваат дека американските демократи бараат од Коми изјавите за весниците да ги преточи во официјална јавна изјава.

Демократите се гневни на директорот на ФБИ околу неговите потези со случајот со приватните мејлови на Хилари Клинтон, кога во финишот на претседателската кампања прво покрена нова истрага, а само неколку дена пред гласањето ја затвори, оправдувајќи се дека сепак немало основа за тоа.

Веднаш по изборите во ноември, Клинтон изјави дека постапката на Коми во финишот на кампањата ја „стопила нејзината дотогашна предност“ пред републиканскиот кандидат и довела до нејзиниот пораз.

Трамп во саботата на својот вообичаен начин, преку Твитер, го обвини својот претходник Обама дека наредил да се прислушува неговиот телефон во седиштето на компанијата во „Трамп Билдинг„.

За обвинувањето тој не даде никаков доказ, но самиот негов потег се означува како случај без преседан во американската политичка историја.

Ваквите обвинувања, што веднаш беа демантирани, доаѓаат во време кога јавноста во САД, но и Конгресот бараат да се расчисти ситуацијата околу руското мешање во претседателската кампања на Доналд Трамп. ти/сп/10:35

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хафингтон пост“ објави листа на 18 најдобри филмови во 2017 година

Американскиот весник „Хафингтон пост“ објави листа...

Затвореник им се предаде на властите по 20 години минати во бегство

Затвореникот Гасан Салех (66), кој пред 20 години ...

Писториус повреден во затворска тепачка

Некогашниот параолимпиец Оскар Писториус е повреде...

Почина американски војник кој пијан дезертираше во Северна Кореја

Американски војник, кој пред повеќе од половина ве...

Егзибиционист од Кина ја сними својата смрт

Кинезот Ву Јонгнинг (26), кој важеше за Јутуб ѕвез...