• A-
  • A
  • A+

понеделник, 26 јуни 2017, 

ФБИ: Русите не ја хакирале кампањата на Трамп

ФБИ: Русите не ја хакирале кампањата на Трамп

Вашингтон, 11 јануари 2017 (МИА) - Руски хакери, кои се обидувале да упаднат во американските претседателски избори, не го хакирале тимот на националната кампања на Доналд Трамп, изјави шефот на ФБИ, Џејмс Коми.

Пред разузнавачкиот одбор на Сенатот тој рече дека Русите упаднале во компјутери на кампањата на Трамп на локално и ниво на држави, но не и на национално ниво.

– Немаме никакви податоци дека кампањата на Трамп е хакирана на национално ниво, изјави Коми.

Според него, Руси дошле до податоци на Републиканската партија, но „се работи за електронски адреси што веќе не се во употреба“. Коми додаде дека се „собрани податоци кои се минато и не се објавени“.

Американските разузнавачки служби ја обвинуваат Русија поради кампања за поткопување на американскиот изборен процес со цел зголемување на изгледите на републиканскиот милијардер Доналд Трамп. гт/зш/10:31

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Принцот Хари сакал да се повлече од британското кралско семејство

Британскиот принц Хари, помладиот син на престолон...

Жена без заби, коса и пори хит во модната индустрија

Првите странци кои допатуваа во Франција, без виза...

Мараја Кери повторно се избламира

Позната по лежерното и провокативно облекување пеј...

Еден од најчудните рекорди

Џеф Рејц во четвртокот го посети Дизниленд Ризорт ...

Качер: Деми ми забрани дружење со нејзините ќерки

Познатата актерска двојка Деми Мур (54) и Ештон Ка...