• A-
  • A
  • A+

понеделник, 26 јуни 2017, 

Палестинските убијци сакаа да го испровоцираат новиот израелски министер за одбрана да ги оствари своите крвави закани

Палестинските убијци сакаа да го испровоцираат новиот израелски министер за одбрана да ги оствари своите крвави закани

15 јуни 2016

Индепендент - Лондон

Политичките ветувања на Авигдор Либерман за сечење глави за четвртата војна во Газа и за трета либанска војна - всушност израелско-либански војни има пет, но тоа нема никакво значење - навестуваат доста невесела иднина за Израел и неговите арапски соседи.

Иако Израелците сакаат да ја квалификуваат секоја палестинска стрелба како „лудачка“, убиството во минатата среда на четворица Израелци во Тел Авив беше најнефокусираниот од сите напади во последно време: со сигурност тоа беше обид да биде испровоциран новиот министер за одбрана за да нареди израелската армија да се впушти во нова крвава авантура против Палестинците.

Откако Авигдор Либерман беше назначен за новата позиција од премиерот Бенјамин Нетанјаху, светот - а особено Палестинците - очекуваа да видат дали тој ќе ги оствари своите крвожедни закани кои ги даде за време на предизборната кампања во Израел во 2015 години. Случајот во кој беа убиени Израелците, две жени и двајца мажи, а шест луѓе беа ранети во продавница и ресторан во реонот на трговскиот комплекс сарона, го стави Либерман на тест.

Како што се зборува, и двајцата палестински напаѓачи се од село во близина на градот Хеброн на Западниот брег - каде многу од Израелците и Арапите гледаат со ужас на отежнатите односи меѓу еврејските заедници и локалните Палестинци - и очигледно вечерале во телавивски ресторан кога почнале да пукаат. Имале костими и вратоврски. Затоа нападот не бил спонтан и емоционален - какви најверојатно биле повеќето од нападите со ножеви и удирање луѓе со автомобили во Ерусалем во последно време.

Претходно, заканите од Либерман биле различно цитирани и искривувани и од арапи, и од израелци, но неговата најскандалозна изјава беше објавена од израелскиот весник ААрец во март 2015 година. Пред аудиториум составен првенствено од Израелци, тој зборуваше за „нелојалните“ арапски граѓани на Израел и изјави дека „во однос на оние кои се против нас, нема што да се стори - треба да земеме сабја и да им ја отсечеме главата. Во спротивен случај нема да преживееме“. Таа закана во стилот на ИДИЛ го збуни дури и вообичаено смирениот Стејт департмент на САД и - ако беше објавена од палестиски лидер на адреса на Израелци, на Палестинците ќе им донесеше осуда од целиот свет.

Хамас ја презеде вината за убиствата во Тел Авив, а на окупираниот Западен брег од страна на Израел имаше голема рација. Израелските власти им ги сопреа дозволите на 80.000 Палестинци да дојдат на израелска територија за време на рамазанските пости - тактика која во минатото само ги заострувало непријателствата помеѓу Израелците и Палестинците. Двајцата палестински напаѓачи од Тел Авив, од кои едниот беше ранет од израелско обезбедување, не се израелски граѓани од арапско потекло и во таква ситуација не се вклучени во страшното, ако не и мелодраматично казнување со обезглавување за кое зборуваше Либерман.

Но неговите други ветувања, за четврта војна во Газа и трета либанска војна - всушност има пет израелско-либански војни, но тоа нема значење - навестуваат доста невесела иднина како за Израел, така и за неговите арапски соседи. Стара израелска левица, олицетворена во Ури Авиери, кој бил војник во Арапско-израелската војна во 1948 година, се согласува со мислењето на еден офицер од командата на израелската армија - дека со зголемувањето на власта на политичарите од изралеката десница, доста потсетува на последните денови на Вајмарската република во Германија. Самиот Авиери, кој не тврди дека израелското раководство се нацисти, израснал во времето на Вајмарската република и првите години на Хитлер, и слободно го користи зборот „фашизам“ во однос на сегашната израелска политика.

И обратно, Палестинците не се интересираат за европската историја. Колку се пожестоки заканите од Израел, толку поголема јавност добива нивната кауза - и толку поисплашен станува светот. ат/ссм/11:49

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Принцот Хари сакал да се повлече од британското кралско семејство

Британскиот принц Хари, помладиот син на престолон...

Жена без заби, коса и пори хит во модната индустрија

Првите странци кои допатуваа во Франција, без виза...

Мараја Кери повторно се избламира

Позната по лежерното и провокативно облекување пеј...

Еден од најчудните рекорди

Џеф Рејц во четвртокот го посети Дизниленд Ризорт ...

Качер: Деми ми забрани дружење со нејзините ќерки

Познатата актерска двојка Деми Мур (54) и Ештон Ка...