• A-
  • A
  • A+

понеделник, 26 јуни 2017, 

Либерман нема да учествува во владата на Нетанјаху

Либерман нема да учествува во владата на Нетанјаху

Тел Авив, 4 мај 2015 (МИА) - Израелскиот министер за надворешни работи Авигдор Либерман денеска изјави дека нема да учествува во новата влада на премиерот Бенјамин Нетанјаху и наместо тоа неговата партија Израел наш дом (Јисраел бејтену) ќе биде опозиција.

- Не можам да бидам во владата откако Нетанјаху направи низа договори со ултраортодоксните партнери, посочи Либерман, чија партија е секуларна.

Изјавата на Либерман претставува удар за Нетанјаху, кој до среда треба да состави коалициска влада, односно мнозинство во Кнесетот.

Либерман два мандати беше шеф на дипломатијата и со години клучен сојузник на Нетанјаху.

Израел наш дом на изборите освои само шест пратенички места, но без неа Нетанјаху ќе има слабо мнозинство од само 61 пратеници во Кнесетот кој вкупно брои 120 места. ми/ссм/15:55

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Принцот Хари сакал да се повлече од британското кралско семејство

Британскиот принц Хари, помладиот син на престолон...

Жена без заби, коса и пори хит во модната индустрија

Првите странци кои допатуваа во Франција, без виза...

Мараја Кери повторно се избламира

Позната по лежерното и провокативно облекување пеј...

Еден од најчудните рекорди

Џеф Рејц во четвртокот го посети Дизниленд Ризорт ...

Качер: Деми ми забрани дружење со нејзините ќерки

Познатата актерска двојка Деми Мур (54) и Ештон Ка...