• A-
  • A
  • A+
среда, 13 декември 2017, 

Либерман: На нелојалните израелски Арапи треба главата да им се отсече со секира

Либерман: На нелојалните израелски Арапи треба главата да им се отсече со секира

Тел Авив, 10 март 2015 (МИА) - Министерот за надворешни работи на Израел Авигдор Либерман изјави дека на арапските граѓани, кои не се лојални на државата Израел, треба главата да им се отсече со секира. 

Либерман, лидер на националистичката партија „Јисраел бејтен“ (Израел наш дом) и голем критичар на арапската популција во Израел, го изјави тоа за време на викендот во градот Херцли, во рамки на изборната кампања пред изборите на 17 март, пренесуваат денеска израелските медиуми.

- Оние што се со нас заслужуваат се, но оние што се против нас, заслужуваат главата да им биде отсечена со секира, изјави Либерман.

По говорот на Либерман, една израелска Арапка во публиката го запраша што ќе биде со неа, ако таквиот план стане политика, на што тој одговори: - За мене не е проблем што сте граѓани. Јас очекувам сите Арапи, христијани и Евреи да бидат лојални на државата, без оглед на верската припадност и да служат во Израелската одбранбена армија. Ние ги прифаќаме и охрабруваме оние што се идентификуваат со нас, нагласи израелскиот министер за надворешни работи.

Според него, сите што веат црно знаме на Денот Накба, како што Арапите го нарекуваат денот на создавање на Израел во 1948 година кога илјадници Палестинци се раселени, треба да бидат пратени да живеат на палестинските територии.

Изарелскиот министер за надворешни работи, исто така, предложи областите во Израел со арапско мнозинство повеќе да не бидат дел од државата, како што се градовите Ум ел-Фахм и Вада Ара. - Нема причина Ум ел-Фахм да биде дел од Израел, истакна Либерман.

Либерман е единствен министер за надворешни работи во светот што не живее официјално во земјата, која ја претставува, бидејќи е жител на една еврејска населба на окупираниот Западен брег. 

Во претстојните избори во Израел се очекува тесна битка меѓу конзервативната партија Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху и левичарската Ционистичка унија, предводена од Исак Херцог и Ципи Ливни. 

Палестинските власти повикаа Либерман да биде уапсен и да му се суди за неговите изјави. Министерството за надворешни работи на Палестина објави дека претставува закана за човештвото, дека неговите изјави се многу опасни, најавувајќи тужба пред Меѓународниот кривичен суд. аа/нд/17:30

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хафингтон пост“ објави листа на 18 најдобри филмови во 2017 година

Американскиот весник „Хафингтон пост“ објави листа...

Затвореник им се предаде на властите по 20 години минати во бегство

Затвореникот Гасан Салех (66), кој пред 20 години ...

Писториус повреден во затворска тепачка

Некогашниот параолимпиец Оскар Писториус е повреде...

Почина американски војник кој пијан дезертираше во Северна Кореја

Американски војник, кој пред повеќе од половина ве...

Егзибиционист од Кина ја сними својата смрт

Кинезот Ву Јонгнинг (26), кој важеше за Јутуб ѕвез...