• A-
  • A
  • A+
сабота, 16 декември 2017, 

Прихрана на животните во Национален парк „Пелистер“

Прихрана на животните во Национален парк „Пелистер“

Битола, 11 јануари 2017 (МИА) - Тимови на ЈУ Национален парк „Пелистер“-Битола вршат прихранување на животните во Националниот парк „Пелистер“.

Од ЈУ Национален парк „Пелистер“-Битола информираат дека во рамките на заштитата на животинскиот свет во Националниот парк „Пелистер“, секоја зима се организира прихранување на животните.

- Акцијата за прихранување на животните се врши на определени места за кои се смета дека се посетени од некои видови на животни и притоа се поставуваат извесни количини на храна или минерали и сол, што им помага на животните во услови на остра зима полесно да ја преживеат, истакна Пеце Цветановски, портпарол на ЈУ Национален парк „Пелистер“-Битола.

Прихраната на животните во Националниот парк се врши на четири локалитети, односно во атарот на Нижо Поле, под Пелистер, Вртешка и Брајчино, каде се поставени и распределени околу 90 килограми крупна сол, повеќе пакети со минерали, околу 80 килограми пченица, 50 килограми пченка и околу 15 бали со сено.

- Пченицата служи за да преживеат птиците, копитарите го користат сеното, минералите и солта, а за прихрана на дивите свињи се користи пченката. Доколку оваа зима се покаже како остра и сурова, веднаш штом се создадат услови на теренот, бидејќи на некои места снежната покривка е поголема од 50 сантиметри, ќе се изврши и дополнително прихранување, за што ние како јавна установа редовно издвојуваме средства за набавка на потребните материјали, потврди Цветановски. мт/вј/12:12

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ