• A-
  • A
  • A+
четврток, 23 ноември 2017, 

Сообраќајот се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози

Сообраќајот се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози

Скопје, 11 јануари 2017 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови по претежно влажни коловози, со остатоци од снег на коловозот. Снег со слаб интензитет провејува во Делчево, Крива Паланка и Маврово. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово – Дебар.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци Кочани – Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија – Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. ев/дма/18:37

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ