• A-
  • A
  • A+

понеделник, 25 септември 2017, 

Пробиен патот од Миравци до Петрово

Пробиен патот од Миравци до Петрово

Гевгелија, 11 јануари 2017 (МИА) - Локалниот пат од Миравци до Петрово, кој од вчера беше во прекин поради снежни наноси на неколку места, попладнево беше пробиен и ставен во употреба. На отстранување на снегот работеа екипите од фирмата „Карго рент“ и гевгелиското комунално претпријатие, кои се задолжени за дејствување во зимски услови.

Дежурните екипи кои работеа на отстранување на снежните наноси соопштија дека тие биле највисоки пред горнината до селото, каде што всушност патот бил затрупан од снег, замрзнат и непрооден за локалните жители.

Покрај пробивањето на овој патен правец, поради снегот кој до попладнево провејуваше во општина Гевгелија, било интервенирано на локалните патишта до подпланинските села Ново Конско и Кованец како и на патните правци од Миравци кон Давидово и Милетково.

Со сол и ризла денеска повторно беше помината и автопатната делница од Гевгелија до граничниот премин „Богородица“ по која сообраќајот се одвива нормално на влажен коловоз. им/дма/17:27

###



Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Проститутките во Шпанија протестираат поради евтините секс-кукли

Проститутките во Шпанија протестираат поради нелој...

Во Гватемала се подготвува чоколадо по рецепт стар 3.000 години (видео)

Во градот Антигва во Гватемала се уште се подготву...

„Телефонски именик на Хитлер“ продаден за 33.000 фунти

Телефонски именик, за кој се верува дека му припаѓ...

Бугарка се удави при обид да го собори Гинисовиот рекорд во нуркање

Теодора Балабанова од Бугарија го загуби животот н...

Почина соул пејачот Чарлс Баркли

Американскиот соул изведувач Чарлз Баркли почина в...