• A-
  • A
  • A+
недела, 21 јануари 2018, 

Ристевска-Јорданова: Решение за името прифатливо за Македонија, што нема да се доживува како пораз

Ристевска-Јорданова: Решение за името прифатливо за Македонија, што нема да се доживува како пораз

Скопје, 14 декември 2017 (МИА) - Не треба да се надеваме дека решението на проблемот за името ќе дојде само по себе, туку треба да направиме се до него да се дојде. Ако ја изгубиме и следната година, наскоро ќе бидеме во ситуација сите соседи да ни се во НАТО и ЕУ, а ние да останеме изолиран остров и проблемот се уште да постои.

Ова за МИА го изјави Малинка Ристевска-Јорданова од Институтот за европска политика, по повод последната рунда разговори за името на медијаторот Метју Нимиц со преставниците на Македонија и на Грција, Васко Наумовски и Адемантиос Василакис, што се одржаа завчера во Брисел.

Според неа, климата е подобрена и во НАТО и во ЕУ, а Македонија се врати на реформската патека.

- Околностите за изнаоѓање решение за проблемот се подобрени, но не се сјајни. Но, тешко се враќаат изгубените позиции на меѓународен план, внатрешниот политички баланс е кревок, при што отежнато ќе биде градењето внатрешен консензус по тоа прашање, вели Ристевска-Јорданова.

Таа оценува дека треба да се внимава да се дојде до решение кое сепак ќе биде прифатливо за Македонија, а нема да биде доживеано како пораз. нд/сд/09:46

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Фејсбук повикува на борба против лажните вести

Социјалната мрежа Фејсбук ги повика своите корисни...

Во Лондон одложен лет поради пијан пилот

Авион на „Бритиш ервејз“ со два часа задоцнување п...

Том Пети починал од случајно предозирање со аналгетици

Познатиот американски музичар Том Пети починал од ...

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...