• A-
  • A
  • A+
недела, 21 јануари 2018, 

Дебата: Македонија во ЕУ во пакет со земјите од регионот

Дебата: Македонија во ЕУ во пакет со земјите од регионот

Скопје, 29 ноември 2017 (МИА) - Надградба на Берлинскиот процес со колективно пристапување кон ЕУ заедно со други земји кандидатки за членство како и заедничко лобирање на Балканските земји, денеска беше препорачано на дебатата насловена „Местото на Западен Балкан во Европската унија: Перспективи за добрососедски односи” во организација на Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Институтот за европска политика– Скопје, во соработка со Австро-францускиот центар за приближување во Европа (CFA/ÖFZ) и Меѓународниот центар за европско образование (CIFE).

Флорент Марсиак од Австро-францускиот центар смета дека Берлинскиот процес по себе го врати проширувањето на ЕУ со западнобалканските земји на агендата, но и дека постои голема непредвидливост пради проблемот кој го има со блокирањето на членството на одредени земји од страна на постојни членки.

-Мој предлог е како надоградба на Белинскиот процес да се пристапи кон едно колективно настапување кон ЕУ заедно со другите земји кандидатки за членство, а кое би довело до заедничко лобирање и формирање на политики кои би и помогнале на Македонија да влезе во пакет со останатите земји. Проблемот со името е сложен проблем, најмногу поради податокот дека постои голема асиметричност во врска со истиот проблем. Она што можам да го предложам е дека ваквата ситуација може да се подобри односно таа асиметричност да се намали и да се добие избалансиран однос, доколку се примени заедничкиот настап. Кога една земја би била блокирана од земја членка на ЕУ би требало да го блокира и целиот блок од оние шест земји кои се кандидатки и аспирантки, вели Марсиак.

Според Јулиана Николова од Центарот за политика во Софија, Бугарското претседателство се случува во еден многу важен момент за проширувањето, а тоа е кога документот кој ќе биде разделен и дистрибуиран меѓу сите земји членки, кое е клучно за проширувањето.

- Минатата недела после заедничката седница на владите на Македонија и Бугарија беа потпишани спогодби за добрососедство, а  Македонија може да го искористи бугарското претседателство и да влезе во еден партнерски однос заедно со Србија и Црна Гора во зачленување во ЕУ, порача Николова.

Заменик министерката за надворешни работи Арта Точи потенцираше дека Македонија е силно посветена на градење добрососедство, пријателство и инклузивна соработка со сите земји од регионот. 

-Добрососедските односи за сите нас треба да бидат шанса за поттикнување за уште подобра регионална соработка кој е дел од спогодбата за асоцијација и стабилизација, а кој ја води замјата кон членството во ЕУ, рече Точи.

На дебатата учествуваа и истакнати истражувачи од повеќе институти во регионот, како и дипломатскиот кор во Република Македонија, државни институции, невладини организации и академската заедница. бк/скс/17:35

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Фејсбук повикува на борба против лажните вести

Социјалната мрежа Фејсбук ги повика своите корисни...

Во Лондон одложен лет поради пијан пилот

Авион на „Бритиш ервејз“ со два часа задоцнување п...

Том Пети починал од случајно предозирање со аналгетици

Познатиот американски музичар Том Пети починал од ...

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...