• A-
  • A
  • A+
понеделник, 22 јануари 2018, 

Попоски: Непристојно е кога премиер или претседател од соседна земја се меша во внатрешни работи

Попоски: Непристојно е кога премиер или претседател од соседна земја се меша во внатрешни работи

Скопје, 10 јануари 2017 (МИА) - Не е пристојно ниту соодветно кога Премиер или Претседател од соседна земја директно се меша во внатрешни работи. Особено не во период по демократски спроведени избори и пред формирање на влада, бидејќи се испраќаат погрешни сигнали во регионот, изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски во однос на прашањето за мешањето на Тирана и Приштина во внатрешните работи на Македонија.

- Секако дека е опасен овој пристап во место со мултикултурна традиција. Многу е далеку од практиката на добрососедството. Доколку сите сме согласни дека иднината ни е во Европа, тогаш борбата е да обезбедиме стабилност, мир, правда и економски просперитет за сите граѓани. Секогаш сме биле крајно коректни во соработката со соседите. Најдобро ќе биде и тие да ни се придружат по тој пат, наместо да се поставуваат мини кои носат ризик за сите, подвлекува Попоски. вг/ 20:38

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Aмериканска компанија го „вкрсти“ „Калашников“ со пиштолот „Драко“

Американската компанија Сенчури Армс успеа да го п...

Ирски научници ќе садат краставици на Марс

Ирскиот Технолошки универзитет во Лимерик создаде ...

Фејсбук повикува на борба против лажните вести

Социјалната мрежа Фејсбук ги повика своите корисни...

Во Лондон одложен лет поради пијан пилот

Авион на „Бритиш ервејз“ со два часа задоцнување п...

Том Пети починал од случајно предозирање со аналгетици

Познатиот американски музичар Том Пети починал од ...