• A-
  • A
  • A+

среда, 27 септември 2017, 

МД „Илинден“ ја осуди изјавата на Бушати заради навредливото именување

МД „Илинден“ ја осуди изјавата на Бушати заради навредливото именување

Дебар, 10 јануари 2017 (МИА) - Македонскo друштво „Илинден" со седиште во Tирана и неговиот огранок за Голо Брдо, во име на Македонците во Албанија упати остра реакција на адреса на шефот на албанската дипломатија, Дитмир Бушати, за употребата на името Славомакедонци. 

- Во име на сите Македонци остро го осудуваме делот од изјавата на министерот за надврошеи работи на Албанија, Дитмир Бушати, кој Македонците ги нарекува Славомакедонци. Ова е несоодветно, недговорно и навредливо. Бараме од  министерт Бушати во иднина да не прави дефиниции без право и без основа. Ние мора да работиме да се градат  искрени и пријателски односи меѓу Албанија и Македонија, стои во реакцијата на „Илинден“.

Министерот Бушати, во интервју за тиранската телевизија Топ чанел искажувајќи поддршка на платформата на политиките партии на Албанците во Македонија за преговорите за нова влада, Македонците ги нарекува Славомакедонци.

- Рамноправност, слобода и демократија, како три основни елементи во Охридскиот договор, не се спроведени на вистински начин или не онака како што се предвидени со тој документ што остава впечаток и горчив вкус и ја нафрла потребата, што треба да правиме со двете заедници, кои всушност се државотворни, Славомакедонците и Албанците, кои малку комуницираат една со друга. Верувам дека ова е златен миг за албанскиот политички фактор да биде заедно и да го унапреди ова прашање, изјави Бушати.

Тој вели дека Тирана е неутрална, дека ќе продолжи да го поддржува секој процес, кој обезбедува демократија и стабилност во Македонија и нагласува дека неговата земја ни најмалку не се мешала во внатрешните работи на соседната земја. вт/вг/16:59

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ