• A-
  • A
  • A+

среда, 16 август 2017, 

МД „Илинден“: Голо Брдо и Гора завеани и заборавени

МД „Илинден“: Голо Брдо и Гора завеани и заборавени

Дебар, 8 јануари 2017 (МИА) – Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана предупредува на повеќе од незавидната состојба во која се наоѓаат Македонците во областите Голо Брдо и Гора по обилните снежни врнежи и есктремно ниските температури.

- Голо Брдо и Гора се  завеани и заборавени. Бараме од Владата на премиерот Еди Рама и од локалните власти на Либражд, Булќиза, Кукс, каде припаѓаат населените места од овие планински и најнеразиени области во Албанија, под итно да превземат потребни мерки и активности за подобрување на актуелната многу незавидна состојба поради снегот и голомразицата, стои во соопштението на Друштвото.

Како што се посочува, по обилните снежни врнежи и минусните теператури кои се движат од -23 до -15 сите патишта кои ги поврзуваат областите се целосно блокирани и движењето е невозможно.

- Дополнителен проблем е недостигот на електрична енергија, појава присутна повеќе денови. Нема доволно резерви на лекови во здраствените амбуланти, а непроодните патишта ја чини недостапна и секундарната и терцијална здравствена заштита на населението. Затоа итната интервенција во секој поглед за овие две области со 22, односно девет села, со околу 30 илјади Македонци, е повеќе од итна и неопходна, стои во соопштнието на македонското друштво „Илинден“ потпишано од претседателот Никола Ѓурѓај. вт/вг/18:50

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ