• A-
  • A
  • A+
сабота, 24 февруари 2018, 

Кире Лазаров избран за Европски играч на месец декември

Кире Лазаров избран за Европски играч на месец декември

 Виена 10 јануари 2017 (МИА) - Кире Лазаров во машка и Нике Грот во женска конкуренција се најдобрите европски ракометари за месец декември, објави ЕХФ преку својата официјална веб-страница.

Европската куќа на ракометот избира најдобар ракометар и ракометарка за секој месец во календарската година, a декемвриското признание завршува во рацете на македонскиот десен бек благодарение на извонредното издание на дербито со ПСЖ во Лигата на шампионите.

Зад капитенот на македонската репрезентација се: голманот на Кјелце, Филип Ивиќ, потоа Јонас Калман од Пик Сегед, Хулен Агинагалде од Кјелце и Алекс Душебајев од Вардар.

Наградата за најдобра европска ракометарка за декември сосема очекувано замина во рацете на Нике Грот, холандската репрезентативка инаку МВП на Европското првенство што минатиот месец се играше во Шведска.јд18:09

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Кинези завршија во затвор поради јапонски униформи

Кинеските власти казнија со затворска казна од 15 ...

Само еден твит на Кајли Џенер ја урна вредноста на „Снепчет“

Само еден твит на ријалити ѕвездата Кајли Џенер за...

Стивен Фрај боледува од рак на простата

Познатиот британски актер Стивен Фрај објави дека ...

Во Британија продаден чајник за 650 илјади евра

Колекционер од Велика Британија на аукција продаде...

Линдзи Вон ја расфрли пепелта од својот дедо во Пјонгчанг

Американската скијачка Линдзи Вон му оддаде чест н...