• A-
  • A
  • A+
четврток, 19 јануари 2017, 

Македонската репрезентација се подготвува за меѓународен турнир за кошаркари до 14 години

Македонската репрезентација се подготвува за меѓународен турнир за кошаркари до 14 години

Скопје, 11 јануари 2017 (МИА) - Македонската кошаркарска репрезентација до 14 година од петок до недела (13 - 15 јануари) ќе биде домаќин на Меѓународен турнир на кој ќе учествуваат и соодветните селекции на Романија, Бугарија и Косово.

Овој Меѓународен турнир е дел од проектот на ФИБА „Заедно до М-16“, кој Македонската кошаркарска федерација (МКФ) го започна пред точно една година. Во јануари во 2016 година низ повеќе селективни тренинзи во Скопје, Битола, Струмица, и други градови низ Македонија  стотина млади кошаркари тренираа под будното око на најдобрите тренери за млади категории  во нашата земја.

- Овој проект веднаш го покажа својот бенефит и донесе одлични резултати. Македонската селекција за кошаркари до 14 години постигна солидни резултати на неофицијалното европско првенство во Бол Словенија, а имаше и одлична низа на победи против врсниците од неколку врвни тимови од Турција. На гостувањето во Турција беа победени екипите на Галатасарај, Фенербахче Анадолу Ефес...) Ваквите резултати ни даваат добра сатисфакција за вложувањето во најмладите категории и секако размислуваме за дополнително надградување и зголемена посвета  токму во овој сегмент од кошарката. Секако и понатаму наш главен приоритет ќе остане создавање на предуслови за добивање на идни сениорски македонски репрезентативци, преку што поголема усовршување на младинските селекции, е ставот на МКФ за овие турнири.

Проектот на МКФ и ФИБА продолжува и оваа година, а токму со Меѓународниот турнир во Скопје започнуваат активностите на федерацијата во 2017 година. зс/15:05

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Бети Вајт 95, роденден го прослави на снимање

Актерката Бети Вајт својот 95. роденден го прослав...

Премиера на Враќањето на Ксандер Кејџ, ФХ3Х дел од ефектите

Македонската компанија за анимација и визуелни ефе...

Автомобил паркиран на тераса

На руските социјални мрежи се појави фотографија к...

Новак Ѓоковиќ купил два апартмана на Менхетн

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој моментно се на...

Какво возило има Хомер Симпсон

Симпсонови се едно от најпознатите семејства во СА...