• A-
  • A
  • A+
вторник, 17 јануари 2017, 

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Груевски да почне разговори за состав на новата влада

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Груевски да почне разговори за состав на новата влада

Скопје, 11 јануари 2017 (МИА) - Потребна е политичка стабилизација за продолжување на економскиот напредок, за што е неопходно составување влада која ќе биде фокусирана кон исполнување на реалните потреби и барања на граѓаните, било посочено на денешната редовна седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

На седницата со која раководел претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, како што стои во партиското соопштение, се анализирале повеќе актуелни теми и случувања.

- Централна тема беше претстојниот процес на формирање влада при што беше истакнато дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија освоија најголем број на гласовите од граѓаните и императив е да се почитува волјата на мнозинството кое гласаше за програмата РЕАЛНО и проектите предвидени во неа, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ му дал полн легитимитет на претседателот Груевски за отпочнување разговори за состав на новата влада кои треба да се водат на принципиелни основи, запазувајќи ги државните интереси.

Во анализата на изборните резултати, како што се вели во соопштението, било заклучено дека граѓаните на овие избори го поразија СДСМ и испратија јасна порака дека не прифаќаат политика на деструкција и партија „чие раководство функционира според мафијашки принципи“. дма/21:10

###



Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ