• A-
  • A
  • A+
понеделник, 23 октомври 2017, 

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Сорос се едно исто

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Сорос се едно исто

Скопје, 11 јануари 2017 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Фондацијата Сорос својата активност во земјата ја насочила на узурпирање на невладиниот сектор со цел поддршка на опозициската СДСМ и нејзиниот лидер Зоран Заев.

- СДСМ и Сорос се едно исто. Дел од истата шема на деструкција и антидржавно делување. Анонимната Фани Каранфиловска, наследничката на Владимир Милчин на врвот од Соросовата инсталација во Македонија, го прави она за што е платена со тешки милиони евра, а тоа е да го продолжи неговиот лик и дело и со узурпација на невладиниот сектор да му врши услуги на СДСМ и да ја узурпира волјата народот, изјави на денешната прес - конференција Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, граѓаните ја видоа деструкцијата на СДСМ-Сорос на дело и ги казнија на избори за, како што посочи, платеничките револуции, нападите врз полицијата, вандализмот и за уништувањето културни споменици. Додаде дека наследничката на Милчин со својата изјава признала дека за се што прават во Македонија нивната централа била запознаена и високо свесна за, како што наведува, штетата која и ја прават на државата.

- Речиси 150 милиони евра од Сорос-Македонија се директно потрошени на корумпирање на македонското општество. Нивниот најголем проект е платеничката револуција чиј производ е огромна штета на државниот и општествениот имот, физички напад врз полицијата и редица други испади, се со цел да се поддржи и помогне аболицираниот криминалец Зоран Заев. Од медиумите видовме дека само во последните две години истата таа претседателка Фани Каранфиловска инкасирала 4.808,567 денари, и тоа во периодот кога таа раководеше со платеничката револуција која удри по институциите, историјата и достоинството на државата, истакна Ѓорѓиевски.

Тој рече дека Фани Каранфиловска не одговорила и зошто огромен процент од европскиот буџет на Сорос оди токму на Македонија, и тоа, вели, по правило секогаш пред избори кога овие, како што посочува, таканаречени граѓански организации добивале поголеми суми, организирале протести, кампањи во кои отворено застанувале зад политички опции. 

- Производот од делувањето на Сорос е: целосно корумпирање на граѓанскиот сектор, платеничка револуција која се прогласи за Шарена револуција, платени експерти со наредба без аргументи да критикуваат и напаѓаат, создавање тензии и конфликт, корумпирање на медиумскиот простор и злоупотреба за политички цели, организирање новинарски фабрики, збришување на слободната мисла и злоупотреба на младинските движења за политички цели, рече Ѓорѓиевски на прес-конференцијата. вг/паг/15:16

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Плачев додека го читав сценариото за последната епизода од „Игра на престолите“

Популарниот актер Кит Харингтон изјави дека заплак...

Писмо пронајдено на загинат патник од Титаник продадено за 140.000 евра

Писмо пронајдено кај еден од загинатите патници на...

Поранешни претседатели на САД собираа пари за жртвите на ураганите Харви и Ирма

Сите живи поранешни претседатели на САД Џими Карте...

Жителите на Карлсруе во потрага по „чудовиштето“ што им ги напаѓа лебедите

Локалните власти во германскиот град Карлсруе реши...

Трамп следната недела ќе ги објави документите за убиството на Кенеди

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска нај...