• A-
  • A
  • A+
понеделник, 22 јануари 2018, 

Пожар во подрумски простории во Кавадарци, нема повредени

Пожар во подрумски простории во Кавадарци, нема повредени

Кавадарци, 12 јануари 2017 (МИА) - Пожар во подрумски простории од куќа во Кавадарци избувнал утринава околу пет часот. Повредени нема, а огнот бил локализиран околу десет часот.

Командирот на Територијалната противпожарна единица Илчо Богевски информира дека интервенирале со две противпожарни возила и осум пожарникари. Помош имале и од противпожарната единица Неготино, како и од компаниите „Кожувчанка“ и „Фени“, по едно возило со по двајца пожарникари. 

- Изгореа предметите во подрумот - дрва за огрев, дрвени гајби. Не дозволивме пламените јазици да се прошират на катот, така се помина само со исчадување во еден дел од него, рече Богевски. 

Најверојатно, како што рече, пожарот избувнал поради запален оџак и искри излегле преку димниот канал, чиј почеток е во подрумот на куќата, којашто се наоѓа во централното градско подрачје кај џамијата. сд/мд/11:04

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Aмериканска компанија го „вкрсти“ „Калашников“ со пиштолот „Драко“

Американската компанија Сенчури Армс успеа да го п...

Ирски научници ќе садат краставици на Марс

Ирскиот Технолошки универзитет во Лимерик создаде ...

Фејсбук повикува на борба против лажните вести

Социјалната мрежа Фејсбук ги повика своите корисни...

Во Лондон одложен лет поради пијан пилот

Авион на „Бритиш ервејз“ со два часа задоцнување п...

Том Пети починал од случајно предозирање со аналгетици

Познатиот американски музичар Том Пети починал од ...