• A-
  • A
  • A+
четврток, 19 октомври 2017, 

Централниот регистар и Комората на извршители ја унапредуваат соработката

Централниот регистар и Комората на извршители ја унапредуваат соработката

Скопје, 29 јуни 2016 (МИА) - Интензивирање на соработката за унапредување на постапките за извршување и зголемување на правната сигурност во Република Македонија, беше темата на денешната работна средба меѓу директорот на Централниот регистар Андреа Поповски и претседателот на Комората на извршителите Зоран Петрески.

Тие, заедно со своите тимови, разговараа и за можностите за намалување на трошоците за крајните корисници во постапките за извршување. Воедно, ја истакнаа досегашната соработка во однос на користењето на податоците од базите на Централниот регистар од страна на извршителите по електронски пат, преку Интернет- дистрибутивниот систем на Централниот регистар, што го намалува времетраењето и трошоците во постапката за извршување.

Како што соопшти Цетралниот регистар, двете страни разговараа и за подготовката и практичните детали околу почнувањето со примена на измените на Законот за извршување кои предвидуваат евидентирање на налогот за извршување во трговскиот регистар и на записникот за попис на подвижни предмети во Заложниот регистар.

Поповски и Петрески изразија задоволство од досегашната соработка и истакнаа дека добрите резултати што резултираат, пред се, со придобивки за граѓаните, се должат на отвореноста и проактивноста на Централниот регистар за сугестии и предлози од страна на професионалните заедници кои се непосредни корисници на неговите услуги, вклучително и извршителите. мч/са/14:57

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ