• A-
  • A
  • A+
понеделник, 20 ноември 2017, 

Општина Илинден набави две нови комунални возила

Општина Илинден набави две нови комунални возила

Скопје, 11 јануари 2017 (МИА) - Општина Илинден набави две нови специјални комунални возила за собирање и транспорт на цврст комунален отпад. Возилата се со капацитет од 22 и 8 метри кубни и чинат 14 милиони денари, а се обезбедени со одлука на Советот.

Градоначалникот на општина Илинден Жика Стојановски му ги предаде клучевите од возилата на директорот на ЈКП „Илинден“ Сашо Саздовски.

Возилата, како што информира општина Илинден, се во насока на обезбедување квалитетни и ефикасни комунални услуги за потребите на граѓаните и на стопанството. 

- Со набавката на двете нови возила „ивеко“ значително се подобрува постоечкиот возен парк на општинското јавно комунално претпријатие „Илинден“, кое сега се состои од 12 комунални возила-камиони за собирање и транспортирање смет, цистерни за фекална канализација и вода и други помошни комунални возила. Ќе се овозможи и подобрување на условите и ефикасноста во работењето на 60-те лица вработени во ЈКП „Илинден“, соопшти општина Илинден. 

Пред две години општина Илинден набави и специјално возило за зимско одржување на улиците и патиштата во сите 12 населени места. мд/паг/13:16

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ