• A-
  • A
  • A+

понеделник, 26 јуни 2017, 

ЕЛЕМ: Тарифните потрошувачи и понатаму ќе ги добиваат потребните количини струја

ЕЛЕМ: Тарифните потрошувачи и понатаму ќе ги добиваат потребните количини струја

Скопје, 9 јануари 2017 (МИА) - Домаќинствата и помалите компании што се на регулираниот пазар за електрична енергија ги добиваат потребните количини енергија и ќе продолжат да ги добиваат соодветно на нивните потреби, порачуваат од АД ЕЛЕМ.

Оттаму посочуваат дека во текот на вчерашниот ден целосно е одговорено на потребите на конзумот преку оптимизација на домашните производни капацитети, а поради екстремно ниските температури и зголемената потрошувачка која во текот на денот достигна и повеќе од 30 проценти од вообичаената за овој период од годината, дел од потребите се набавени од увоз преку јавна и транспарентна постапка.

- АД ЕЛЕМ како одговорна компанија ги стави во погон сите расположливи капацитети, а дел од количините преку редовна постапка за набавка на електрична енергија ги обезбеди на слободниот пазар. Техничкиот зафат во термоелектраната „Битола 3“, на кој од саботата наутро интензивно работат стручни екипи на АД ЕЛЕМ и на РЕК Битола, поради тешките временски услови во кој се одвива, се очекува да заврши во текот на денешниот ден, а по завршувањето на техничко технолошките проби, најдоцна до раните утрински часови и да биде оперативен и вклучен во електроенергетскиот систем, велат од АД ЕЛЕМ.

Стручните тимови на компанијата, додаваат, внимателно ја следат потрошувачката на електрична енергија и го прилагодуваат производството од домашните капацитети во согласност со потребите на тарифните потрошувачи.

- Доколку анализите покажат дека е потребно надополнување на потребите преку набавка на електрична енергија, постапката ќе биде спроведена во согласност со сите правила и процедури донесени од Регулаторната комисија за енергетика. Како што информиравме во текот на вчерашниот ден, набавката на електрична енергија нема да влијае врз цената на електричната енергија за домаќинствата, потенцираат од АД ЕЛЕМ. вј/паг/11:37

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Ексхумација на посмртните останки на шпанскиот сликар Салвадор Дали

Судот во Мадрид нареди да се изврши ексхумација на...

Метеоролог „оддуван“ во живо (видео)

Во Ирска, презентерот на временската прогноза Дере...

Природна ванила се помалку, за еден килограм сладолед 500 евра

Цената на природниот сладолед од ванила во изминат...

НАСА ја демантира Гвинет Палтроу

Актерката Гвинет Палтроу е сопственичка на Интерне...

Сиена Милер бара актерките да бидат повеќе платени од нивните машки колеги

Холивудската актерка Сиена Милер се осврна на родо...