• A-
  • A
  • A+
петок, 24 февруари 2017, 

Во Центарот за јавно здравје-Гевгелија регистирани 228 грипозни

Во Центарот за јавно здравје-Гевгелија регистирани 228 грипозни

Гевгелија, 11 јануари 2017 (МИА) - Во регионалниот Центар за јавно здравје во Гевгелија бројот на регистрирани болни од грип изнесува 228.

Епидемиологот Сашко Олумчев изјави дека според овој податок, Гевгелија е меѓу општините со најмалку заболени од грип и покрај тоа што од почетокот на годинава до денеска нивниот број е двојно зголемен споредено со изминатиот месец.

- Од почетокот на сезоната на вирози и грип, во месец декември беа регистрирани само 75 заболени лица, а во изминативе десет дена од оваа година регистрирани се нови 153 болни од грип. Сепак тоа не значи дека заболувањето се шири, туку е резултат на инкубирани лица кај кои сега се манифестира болеста, нагласи Олумчев.

Тој додаде дека благодарение на студеното време и минусните температури, се очекува бројот на новозаболени да бележи многу мал пораст или пак да стагнира, од причина што и учениците се се уште на зимски распуст, а намален е и бројот на децата во градинките. им/рп/11:30

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ