• A-
  • A
  • A+
понеделник, 22 јануари 2018, 

Првиот милионер џек пот за годинава вреден 1.676.401 денар

Првиот милионер џек пот за годинава вреден 1.676.401 денар

Скопје, 12 јануари 2017 (МИА) - Првиот среќен добитник на Милионер џек пот на Државната видеолотарија во 2017 година е М.М. кој освои 1.676.401 денари.

Државната видеолотарија на Македонија денеска соопшти дека добивката е освоена на 10 јануари во 17:26 часот во  Спорт Лаиф Трејд во скопско Шуто Оризари. 

М.М. е редовен играч на видеолотариските терминали на Државната видеолотарија на Македонија, а ова е негова прва добивка. Со парите од добивката првично планира да купи нов автомобил. 

Во 2016 година имаше вкупно 25 добитници на Милионер џек пот. Рекордниот износ беше 1.794.419 денари и беше освоен на почетокот на декември во Вемакс Тобако во Кичево, минатата година.

Државната видеолотарија на РМ ги стартуваше добивките Џек пот на 1 јуни мината година. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 5 илјади до 10 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.800.000,00 денари. Досега под мотото Играј за забава, освоени се 26 Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 37.827.187 денари. Покрај нив, освоени се и 3382 Мини Џек Пот добивка во вкупен износ од 25.371.237 денари.

Мината година на 12 октомври, под мото Играј за забава започна и промотивниот караван низ Македонија,  кој носи многу изненадувања, промотивни ваучери, подароци и забава. Досега се реализирани промоции во Прилеп, Битола, Кичево, Гостивар, Тетово, Македонски Брод, Охрид, Струга, Куманово, Крива Паланка, Кратово, Свети Николе, Штип, Струмица, Дојран, Валандово, Велес, Гевгелија, Кавадарци, Неготино и Богданци. бак/09:58

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Aмериканска компанија го „вкрсти“ „Калашников“ со пиштолот „Драко“

Американската компанија Сенчури Армс успеа да го п...

Ирски научници ќе садат краставици на Марс

Ирскиот Технолошки универзитет во Лимерик создаде ...

Фејсбук повикува на борба против лажните вести

Социјалната мрежа Фејсбук ги повика своите корисни...

Во Лондон одложен лет поради пијан пилот

Авион на „Бритиш ервејз“ со два часа задоцнување п...

Том Пети починал од случајно предозирање со аналгетици

Познатиот американски музичар Том Пети починал од ...