• A-
  • A
  • A+
вторник, 21 ноември 2017, 

ДОМ: Вонредна состојба за спас од загадениот воздух

ДОМ:  Вонредна состојба за спас од загадениот воздух

Скопје, 27 декември 2016 (МИА) - Прогласување вонредна состојба поради екстремното аерозагадување денеска од Владата побара партијата Демократска обнова за Македонија (ДОМ).

- Податоците за 1.200 смртни случаи и финансиски загуби од 250 милиони евра годишно како резултат на загадениот воздух се поразителни, истакнуваат од партијата.

Од ДОМ бараат воведување пар-непар возење, по примерот на Париз и Сараево, бесплатен јавен превоз, повеќе автобуси во јавниот превоз и јавен превоз во градови кај што го нема, воведување ефтина дневна тарифа за струја на домаќинствата, затворање на градилиштата, зелена зона за пешаци и велосипедисти во центарот, забрана за возила под Еуро 4 стандард во градскиот сообраќај...

Од партијата  ги повикуваат сите граѓани да се приклучат на утрешниот „Протест за чист воздух и здрави деца!“. бк/дма/15:35

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ