• A-
  • A
  • A+

петок, 28 јули 2017, 

Зголемена граѓанската одговорност за одлагање на електронскиот отпад

Зголемена граѓанската одговорност за одлагање на електронскиот отпад

Скопје, 27 декември 2016 (МИА) - Жителите на општините Ѓорче Петров, Карпош, Берово, Гевгелија и Богданци покажале голема свесност и граѓанска одговорност за складирање на електронскиот отпад преку акцијата која ја спроведе „Елколект“.

Од Елколект информираат дека со цел да ги стимулираат жителите на општините правилно да го одлагаат и селектираат електронскиот и електричен отпад организирале и наградна игра за која вчера биле познати добитниците. Во секоја од петте општини биле организирани соодветни настани на кои присуствувале и дел од учесниците. 

Преку наградната игра со која во секоја од општините беа деделни по еден лап топ, телевизор и правосмукалка, од Елколект нагласуваат дека сакаат да ги пттикнат граѓаните својот електричен и електронски отпад да го оставаат на пропишаните места, а воедно потсетувајќи на неопходноста за зачувување на животната средина и човековото здравје. бк/са/13:16

###



Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ