• A-
  • A
  • A+
понеделник, 20 ноември 2017, 

МИА Најави-Македонија (ДПЛ)

МИА Најави-Македонија (ДПЛ)

12 јануари 2017 

Скопје - Одбележување на деветгодишнината од хеликоптерската несреќа во која загинаа 11 припадници на Воздухопловната бригада на АРМ.

- Полагање венци и цвеќе пред споменикот во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец. (10:40)

- Министерот за одбрана Зоран Јолевски ќе положи цвеќе на местото на несреќата кај Катлановско Блаце. (12:00)

Скопје - Генерален директор на АД ЕЛЕМ Христијан Мицкоски ќе даде изјава за медиуми во врска со електроенергетската состојба во Република Македонија. (во Дирекција на АД ЕЛЕМ, трети кат/11:00)

Скопје - Претставништвото на УНХЦР и Центарот за управување со кризи организираат изложба на цртежи „Бегство за подобро утре“, дело на сирискиот пар Шерго Муса и Назли Абду, создадени за време на нивниот престој во прифатниот и транзитен центар „Винојуг“.(Кинотека на Македонија/12:00/изјави за медиумите по отворањето на изложбата/12:30)

Скопје - Традиционален концерт на Македонската опера и балет за празникот Василица, насловен „Заборавени песни“. (МОБ/20:00)

Вевчани - Карневалски свечености „Василичари 2017“.

- Отворање на изложбата на слики на академскиот сликар Ниче Василев (Клуб на пензионери/12:00)

- Концерт на групите Фрајле, Нокаут и ДНК. (21:00)

----------------------------------------------------------------------------------------------------

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ