• A-
  • A
  • A+

четврток, 25 мај 2017, 

Познати полуфиналните двојки во Лига Европа

Познати полуфиналните двојки во Лига Европа

Нион, 21 април 2017 (МИА) – Во Нион по ждрепката на двојките за Лигата на шампионите, попладнево беа извлечени и паровите за полуфиналната фаза во второто по квалитет континентално клупско фудбалско првенство – Лига Европа.

Ждрепката одлучи во полуфиналето да играат:

Ајакс (Холандија) – Олимпик Лион (Франција) и

Селта Виго (Шпанија) – Манчестер Јунајтед (Англија).

Првите натпревари се закажани за 4 мај, реваншите се седум дена подоцна.

Финалето ќе се игра во Стокхолм на 24 мај. зс/13:28

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.