• A-
  • A
  • A+
понеделник, 23 октомври 2017, 

Уапсен бомбашот од Дортмунд

Уапсен бомбашот од Дортмунд

Дортмунд, 21 април 2017 (МИА) – Германската полиција соопшти дека го уапсила лицето Сергеј В. кој е осомничен за нападот на автобусот во кој се превезуваа фудбалерите на Борусија Дортмунд.

Станува збор за 29-годишник со руско-германско државјанство. Сергеј според обвинителите сам го организирал нападот по кој со повреди се здоби фудбалерот Марк Бартра, како и еден полициаец.

Првично беше соопштено дека нападот е терористички акт предизвикан од исламски екстремисти, но ова беше демантирано, Најновата информација е дека нападот е направен од финансиски мотиви.

Осомничениот е обвинет за обид за убиство, нанесување тешки телесни повреди и предизвикување експлозија. зс/10:12

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.