• A-
  • A
  • A+

четврток, 27 април 2017, 

Мурињо: Повредата на Ибрахимовиќ изгледа сериозно

Мурињо: Повредата на Ибрахимовиќ изгледа сериозно

Манчестер, 21 април 2017 (МИА) – Манчестер Јунајтед синоќа ја доби четвртфиналната пресметка со Андерлехт во Лига Европа, но по се изгледа на подолг рок го загуби првиот свој напаѓач Златан Ибрахимовиќ.

Шведскиот интернационалец го повреди коленото при еден доскок, а менаџерот Жозе Мурињо информира дека најверојатно се работи за посериозна повреда.

- Ќе мора да ги почекаме лекарските прегледи, но по се изгледа повредата не е од полесна природа. Јас сум менаџер, а не доктор, но најверојатно вестите ќе бидат негативни, изјави Мурињо.

Покрај Ибрахимовиќ, на синоќешниот дуел Мурињо остана и без Маркус Рохо кој исто така се повреди. зс/08:32

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.