• A-
  • A
  • A+
вторник, 12 декември 2017, 

Јунајтед и Ајакс по продолженија, Лион на пенали до полуфиналето во ЛЕ

Јунајтед и Ајакс по продолженија, Лион на пенали до полуфиналето во ЛЕ

Манчестер, 21 април 2017 (МИА) – Крајно неизвесни и драматични натпревари беа одиграни синоќа во реваншите од четвртфиналната фаза во Лига Европа по кои полуфинале изборија Манчестер Јунајтед, Олимпик Лион, Ајакс и Селта.

Единствено на Селта и беа доволни 90 минути во реваншот со Генк да го помине четвртфиналето, додека на другите три дуели се играа продолженија, а еден од нив беше решен по изведување пенали.

Манчестер Јунајтед со голот на Маркус Рашфорд го скрши отпорот на Андерлехт. Ајакс иако беше во незавидна позиција по водството на Шалке од 3:0, до крајот постигна два гола, додека Лион дури во осмата серија од пеналите го елиминира Бешикташ откако по 120 минути игра резултатот беше 2:1 за домаќинот, исто како и на дуелот во Франција. Селта одигра нерешено во Белгија и ја зачува предноста од домашниот терен.

Резултати:

Манчестер Јунајтед – Андерлехт 2:1 по продолжение (1:1 прв натпревар);

Шалке – Ајакс 3:2 по продолжение (0:2 прв натпревар);

Генк – Селта 1:1 (2:3 прв натпревар);

Бешикташ – Олимпик Лион 6:7 на пенали (1:2 прв натпревар). зс/07:43

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Затвореник им се предаде на властите по 20 години минати во бегство

Затвореникот Гасан Салех (66), кој пред 20 години ...

Писториус повреден во затворска тепачка

Некогашниот параолимпиец Оскар Писториус е повреде...

Почина американски војник кој пијан дезертираше во Северна Кореја

Американски војник, кој пред повеќе од половина ве...

Егзибиционист од Кина ја сними својата смрт

Кинезот Ву Јонгнинг (26), кој важеше за Јутуб ѕвез...

Објавени номинациите за Златен глобус

Во Лос Анџелес синоќа беа објавени номинациите за ...