• A-
  • A
  • A+

четврток, 25 мај 2017, 

Елиминација на Мареј и Вавринка на Мастерсот во Монте Карло

Елиминација на Мареј и Вавринка на Мастерсот во Монте Карло

Монте Карло, 20 април 2017 (МИА) - Светскиот рекет број, Енди Мареј е елиминиран уште во осминафиналето на Мастерс турнирот во Монте Карло.

Британецот загуби речиси добиен меч во дуелот против Алберт Рамос-Винолас со 1-2 во сетови. Мареј одлично го доби првиот сет со 6-2, но во вториот во иста мера возврати Шпанецот, па го доби сетот со 6-2. Иако, првиот фаворит Мареј во решавачкиот трет сет водеше со 4-0 во гемови сепак Рамос-Винолас потполно се врати во игра и го доби сетот со 7-5.

Настапот во Монте Карло заврши и за третиот носител Стен Вавринка кој со 2-0 во сетови беше поразен од уругвајскиот тенисер Пабло Куевас со 6-4 и 6-4.

Од фаворитите натпревраите завршија и за шестиот Тим, како и деветиот носител Бердих, додека во следната рунда се пласита 4-носител Рафаел Надал. ит/сд/19:04

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ