• A-
  • A
  • A+

вторник, 25 април 2017, 

Реванш четвртфинални дуели во Лига Европа

Реванш четвртфинални дуели во Лига Европа

Манчестер, 20 април 2017 (МИА) – Во рамките на Лига Европа вечерва се играат реванш четвртфиналните дуели. На „Олд Трафорд“ Манчестер Јунајтед е фаворит во дуелот со белгискиот претставник Андрелехт, особено што првиот натпревар пред седум дена заврши нерешено 1:1.

Втората белгиска екипа Генк во реваншот е домаќин на Селта, која оствари победа на првиот дуел со 3:2.

Минимална предност од 2:1 од првиот дуел на гостувањето во Истанбул ќе има и Олимпик Лион против Бешикташ. Негатива од два гола ќе треба да „брка“ Шалке против Ајакс откако холандската екипа победи со 2:0 на првиот натпревар.

Почетокот на сите натпревари е во 21:05 часот. мн/зс/13:18

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.