• A-
  • A
  • A+

понеделник, 26 јуни 2017, 

Брест домаќин на завршниот турнир во СЕХА лигата

Брест домаќин на завршниот турнир во СЕХА лигата

Скопје, 20 март 2017 (МИА) - Извршниот комитет на регионалната ракометна Гаспром СЕХА лига донесе одлука завршниот „Фајнл фор“ турнир да се игра во Брест, Белорусија од 7-9 април.

Домаќинот на турнирот Мешков Брест во полуфиналето ќе игра со Веспрем, додека македонскиот шампион Вардар ќе се сретне со ППД Загреб.

Полуфиналните натпревари се закажани за 7 април, а мечот за 3-то место и големото финале ќе се играат недела 9 април. Сите натпревари ќе се одигра во спортската сала „Палас Викторија“.

- На наше огромно задоволство Ф4 турнирот ќе го организира Мешков Брест и ние сме сигурни дека тоа ќе биде незаборавно искуство за ракометниот клуб Мешков Брест, за Белорусија, градот Брест, како и за навивачите и белорускиот ракомет воопшто. Клубот расте секоја година и заслужува да биде домаќин на најдоброто од регионалната ракометна, изјави Синиша Остоиќ, извршен директор на СЕХА - Гаспром лига.

Преносите од Ф4 ќе се емитуваат во девет земји, а во следните денови ќе биде позната и саатницата за натпреварите, како и начинот на кој заинтересираните од странство ќе можат да набават билети. За навивачите од Белорусија влезниците веќе се достапни за купување, соопштија од СЕХА. зс/11:41

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Принцот Хари сакал да се повлече од британското кралско семејство

Британскиот принц Хари, помладиот син на престолон...

Жена без заби, коса и пори хит во модната индустрија

Првите странци кои допатуваа во Франција, без виза...

Мараја Кери повторно се избламира

Позната по лежерното и провокативно облекување пеј...

Еден од најчудните рекорди

Џеф Рејц во четвртокот го посети Дизниленд Ризорт ...

Качер: Деми ми забрани дружење со нејзините ќерки

Познатата актерска двојка Деми Мур (54) и Ештон Ка...