• A-
  • A
  • A+
понеделник, 23 октомври 2017, 

Триумф на ПСЖ во дербито со Олимпик Лион

Триумф на ПСЖ во дербито со Олимпик Лион

Париз, 20 март 2017 (МИА) – Екипата на ПСЖ оствари победа синоќа во дерби дуелот од 30.коло од француската Лига 1. На домашен терен со пресврт беше совладан Олимпик Лион со 2:1.

Гостите поведоа во 6.минута со голот на Александре Лаказет, а ПСЖ изедначи преку Адриен Рабио во 34.минута. Победата на ПСЖ му ја донесе Жулиан Дракслер во 40.минута.

ПСЖ остана на второто место со три бодови помалку од лидерот Монако.

Резултати на натпреварите од 30.коло:
ПСЖ – Олимпик Лион 2:1,
Дижон – Сент Етиен 0:1,
Каен – Монако 0:3,
Анже – Генгамп 3:0,
Бордо – Монпеље 5:1,
Нанси – Лориен 2:3,
Тулуз – Рен 0:0,
Нант – Ница 1:1,
Лил – Олимпик Марсеј 0:0 и
Мец – Бастија 1:0.

Табела: Монако 71 бод, ПСЖ 68, Ница 64, Олимпик Лион 50, Олимпик Марсеј 46, Бордо 46, Сент Етиен 44,... мн/зс/09:03

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.